Şerife Çetin
04 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - ШЕРИФЕ ЧЕТИН – Во документите на Централната разузнавачк агнеција на САД (ЦИА) кои станаа достапни за јавноста и се споделени на интернет, се појавува дека наместо да и се даде потполно членство во НАТО, Турција добила покана за присуство на средбите за воено планирање за одбрана на Медитеранот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во документите на ЦИА евидентирани како „Строго доверливо“ кои датираат од 22 септември 1950 година, и покрај тоа што континенталните европски земји биле свесни за слабоста на нивните воени сили, се појавува дека сепак не сакале географско проширување на НАТО алијансата.
Особено внимание привлекоа документите во кои што се наведува дека неколку земји од континентална Европа, наместо да им дадат потполно членство на Турција и Грција во НАТО, се договориле да ги поканат на средбите за воено планирање за одбрана на Медитеранското крило на алијансата.
Во документот со наслов „Случувањата во Кореа“, се истакнува дека Турција ќе биде многу разочарана кога нема да биде примена во НАТО по војната во Кореа. Наспроти ова во документот се наведува дека е „мала можноста да има трајна и значителна промена во ставот на Турција кон Западот“.
Во декументот исто така стои дека одбивањето за членството на Турција во НАТО, може да се искористи како пропаганден материјал од страна на Републиканската народна партија (ЦХП) која што беше во опозиција во тој период.
„Ако се рекламира добро фактот дека Турција може да присуствува во воените средби на НАТО, само во тој случај актуелната власт може да се спаси без да добие фатален удар кон нејзината репутација“, стои во документот.
Турција побара членство во НАТО во 1949 година, додека во 1950 година, во текот на времето кога Аднан Мендерес беше на власт, со одлука на Турскиот парламент (ТБММ), Турција испрати војници во војната во Кореа под команда на Обединетите Нации. Во октомври 1951 година одобрено е членството на Турција и Грција во НАТО. На 18 февруари 1952 година, Турција стана официјална членка на НАТО алијансата.