Aida Cako
02 Октомври 2025•Ажурирај: 03 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Поларната светлина позната како аурора бореалис ги осветли снежните врвови на глечерот Матануска на Алјаска и се пренесе на езерото Бони, создавајќи впечатлива ноќна глетка, јавува Анадолу.
Природниот феномен, создаден од судирот на сончеви честички со атмосферата на Земјата, се ширеше над хоризонтот и се отсликуваше на површината на водата, создавајќи спектакуларна глетка.
Северната поларна светлина е еден од најпопуларните природни феномени и се вбројува меѓу седумте природни чуда на светот.
На северната хемисфера на Земјата таа се нарекува аурора бореалис, а на јужната аурора аустралис.
Феноменот се појавува кога наелектризираните честички од Сонцето влегуваат во атмосферата на Земјата и се судираат со гасовите, како азот и кислород. Овие судири создаваат светлосни ефекти што може да се видат во различни бои.