Burç Eruygur
02 Октомври 2025•Ажурирај: 02 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Русија и Украина денес разменија по 185 воени заробеници, како дел од договорите постигнати во Истанбул претходно оваа година, потврди руското Министерство за одбрана, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството е објавена размената, при што се додава дека примиле и 20 цивили.
Руските војници и цивилите се во соседна Белорусија, каде што добиваат „неопходна психолошка и медицинска помош“.
„Сите вратени руски војници и цивили ќе бидат транспортирани во Руската Федерација на лекување и рехабилитација во медицински установи“, се додава во соопштението.
Сепак, Украина сè уште не ја потврди размената.
Русија и Украина одржаа три рунди мировни преговори во турската метропола Истанбул - на 16 мај, 2 јуни и 23 јули - што резултираше со голема размена на затвореници и нацрт-меморандуми во кои се наведени соодветните позиции за иден мировен договор за конфликтот што трае од февруари 2022 година.
Мировниот процес, кој доби интензитет по самитот меѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин на Алјаска на 15 август, се чини дека е во застој.
„Волстрит џурнал“, цитирајќи американски претставници, денес објави дека САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за ракетни напади со долг дострел врз руската енергетска инфраструктура, администрацијата на Трамп размислува да му прати моќно оружје на Киев што би можело да опфати во дострел повеќе цели во Русија.