Elena Teslova
31 Јули 2025•Ажурирај: 02 Август 2025
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека руските сили ја презеле контролата врз стратегискиот град Часив Јар во регионот Донецк, пренесува Анадолу.
Во соопштението Министерството наведува дека градот паднал под контрола на Русија како резултат на офанзивните операции на Јужната група сили во насока Краматорск-Дружкивка.
Часив Јар се наоѓа околу 10 км западно од градот Бахмут во Украина, за кој руското Министерство за одбрана објави дека е освоено во мај 2023 година.
Градот се наоѓа на издигнат терен и се нарекува „клуч за Донбас“ бидејќи неговото освојување ќе им овозможи на руските сили да напредуваат речиси непречено кон Краматорск и други градови.