Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Специјалните претставници на Русија, Кина и Пакистан за Авганистан се состанаа во Кабул

За време на состанокот, детално и конструктивно се разгледани различни прашања поврзани со неодамнешните промени во Авганистан.
Ali Cura
22 Септември 2021•Ажурирано: 23 Септември 2021
Специјалните претставници на Русија, Кина и Пакистан за Авганистан се состанаа во Кабул

МОСКВА (АА) - Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека специјалните претставници на Русија, Кина и Пакистан за Авганистан се состанале со претставници на талибанската администрација, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Министерството се наведува дека на покана на талибанската администрација, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан, Замир Кабулов, специјалниот пратеник на Пакистан за Авганистан, Мухамед Садик и специјалниот пратеник на Кина за Авганистан, Јуе Шијаојонг, имале дводневни официјални средби во авганистанскиот главен град Кабул.

Специјалните претставници, како што се вели во соопштението, разговарале со вршителот на должноста премиер, Мола Мухамед Хасан од привремената талибанска Влада во Авганистан, со вршителот на должноста министер за надворешни работи, Емирхан Мутаки и вршителот на должноста министер за финансии, Мула Хидајетулах Бедри.

Се истакнува дека за време на состанокот, детално и конструктивно се разгледани различни прашања поврзани со неодамнешните промени во Авганистан.

„Со цел да се промовираат пријателски односи со странски држави, вклучително и со соседите на Авганистан, и да се обезбеди единство и територијален интегритет на земјата, нагласени се прашања како што се инклузивност на Владата, човековите права, развојот на економските и социјалните врски. Изразена беше и поддршка за борбата против тероризмот и трговијата со дрога“, се нагласува во соопштението на руското МНР.

„Талибанската страна, исто така, придава значење на развојот на односите со Русија, Кина и Пакистан“, се вели во соопштението и се додава: „Постигнат е договор за продолжување на конструктивните контакти за мир и просперитет во Авганистан, стабилност и развој на регионот.“

Специјалните претставници се сретнаа и со поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи и поранешниот претседател на Врховниот совет на националното помирување на Авганистан, Абдулах Абдулах.

related_topics:
РусијаПакистанКинаАвганистан
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Децата од камповите во Идлиб, своите копнежи за топол дом ги пренесоа со порака долга 75 метри

Децата од камповите во Идлиб, своите копнежи за топол дом ги пренесоа со порака долга 75 метри

Следно

Азербејџан уништи повеќе од 16.000 мини и неексплодирана муниција поставена од Ерменија

Азербејџан уништи повеќе од 16.000 мини и неексплодирана муниција поставена од Ерменија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мицкоски - Кос: За Северна Македонија има место во Европската Унија како полноправна членка

Турција по прв пат го отвори заедничкиот штаб „Ај Јилдиз“ за министрите за одбрана на НАТО

Шефот на НАТО рече дека нападите на Трамп врз Иран во текот на ноќта биле „апсолутно неопходни“

Турскиот министер за одбрана се сретна со романскиот и бугарскиот колега и потпиша амандман за безбедноста на Црно Море

Агенцијата за воздухопловство на ЕУ им наложи на авиокомпаниите да го избегнуваат воздушниот простор на Иран и Ирак

Средба Мелони - Зеленски на маргините на НАТО-самитот: Италија ќе продолжи да му обезбедува помош на украинскиот народ

Почна „Маршот на мирот“ во спомен на жртвите од геноцидот во Сребреница

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во денешниот конфликт во Авганистан се убиени 23 лица, а 10 се повредени

Во денешниот конфликт во Авганистан се убиени 23 лица, а 10 се повредени

Русија потврди соборување на авионот СУ-24

Русија потврди соборување на авионот СУ-24

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи

Куртулмуш: Не сакаме ескалација на кризата со Русија, туку дијалог и решение на проблемот

Куртулмуш: Не сакаме ескалација на кризата со Русија, туку дијалог и решение на проблемот

Бомбашки напад во маркет во Пакистан: Загинаа најмалку 10 лица

Бомбашки напад во маркет во Пакистан: Загинаа најмалку 10 лица

Бомбашки напад во маркет во Пакистан: Загинаа најмалку 12 лица, а ранети се 40

Бомбашки напад во маркет во Пакистан: Загинаа најмалку 12 лица, а ранети се 40

Путин одобри закон кој Уставот на Русија го става над сите меѓународни судови

Путин одобри закон кој Уставот на Русија го става над сите меѓународни судови

Пакистан успешно ја тестираше ракетата со носач на нуклеарна глава

Пакистан успешно ја тестираше ракетата со носач на нуклеарна глава

Авганистан: Во нападите на талибаните осум мртви

Авганистан: Во нападите на талибаните осум мртви

Пакистанските талибанци ги осудија злоделата: Активностите и идеите на ДАЕШ не се во согласност со начелата на исламот

Пакистанските талибанци ги осудија злоделата: Активностите и идеите на ДАЕШ не се во согласност со начелата на исламот