Ekipa
18 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
ДЕТРОИТ (АА) - Произведувачот на автомобили „Форд“ повлекува околу 500.000 возила во Северна Америка, за да го поправи проблемот со менувачот кој може да доведе до изненадно движење на возилото, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повлекувањето ги покрива моделите „Fusion“ од 2013 до 2016 година и малите СУВ возила „Escape“ од 2013 и 2014 година.
Од „Форд“ рекоа дека делот кој е прицврстен за кабелот за придвижување на преносникот може да се откачи. „Доколку тоа се случи, возачот може да го остави менувачот во позиција за паркирање, но возилото да биде во некоја од брзините. Тоа би можело да доведе автомобилот да се придвижи, што го зголемува ризикот од повреди и штети“, истакнуваат од „Форд“.
Од компанијата нагласија дека засега не се известени за тоа дали проблемот довел до какви било сообраќајни несреќи или повреди. Но, ги советуваат сопствениците на возилото, при паркирањето да користат рачна кочница.
Дилерите на „Форд“ без никаков надомест ќе го заменат делот, а сопствениците на возилото за тоа ќе бидат известени до 30 јули.