Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
28 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ИДЛИБ
Бурак КАРАЏАОГЛУ / Ешреф МУСА
Anadolu Agency (AA), местото во Идлиб каде што од страна на САД беше убиен водачот на терористичката организација ДЕАШ, Ебу Бекр ал Багдади, го снимаше со дрон.
Американските сили од хеликоптер слегоа во селото Бариша, Идлиб, каде што се наоѓаше водачот на терористичката организација.
АА од воздух ја снимаше локацијата каде што се случија судирите.
Во снимките направени со дрон се гледа дека целосно се уништени три куќи и дека се оштетени чадорите околу куќите.

Од снимките се гледа дека на местото на настанот кое се наоѓа меѓу маслиновите дрвја, од бомбите се формирани јами.
Операцијата во која е убиен лидерот на ДЕАШ, Ебу Бекр ал Багдади, изведена е во Идлиб синоќа по полноќ. Осум хеликоптери на САД и две беспилотни летала 1,5 час под интензивен оган го држеле местото во близина на селото Бариша. По операцијата хеликоптерите се оддалечиле од местото на настанот.
Во врска со операцијата, турското Министерство за одбрана издаде соопштение во кое се вели: „Пред синоќешната операција изведена на полноќ од страна на американската страна во Идлиб, извршена е размена на информации и спроведена е координација меѓу воените органи.“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера од Белата куќа изјави дека е убиен водачот на ДЕАШ при операција изведена во Сирија.