Sena Güler
23 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп, јавно му се закани на иранскиот колега Хасан Рохани, порачувајќи му дека Соединетите Американски Држави (САД) не се држава која ќе ги толерира иранските закани за насилство и смрт, пренесува Anadolu Agency (AA).
Заканата на Трамп следуваше откако иранскиот претседател Рохани вчера во Техеран изјави дека мирот со Иран би бил апсолутен мир за САД, а дека војната со Иран би била војна над сите војни.
„Немој никогаш повеќе да им се закануваш на САД, бидејќи ќе се соочиш со последиците кои многу мал дел луѓе ги имаат доживеано во историјата. Ние веќе не сме земја која ќе ги трпи твоите лажливи зборови за насилство и смрт. Биди внимателен“, порача Трамп на Твитер.
И американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа остро ја критикуваше Владата на Иран, нарекувајќи ја класична мафија.
Тензиите во односите помеѓу САД и Иран се интензивираа во мај оваа година, откако Трамп објави дека САД се повлекуваат од меѓународниот Договор за иранското нуклеарно прашање.