Sayed Khodaiberdi Sadat
15 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
КАБУЛ (АА) - Во бомбашки напад во Авганистан утринава е убиен заменик-гувернерот на Кабул, Мухбулах Мухиби, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за внатрешни работи на Авганистан соопшти дека атентатот на Мухиби е извршен со активирање на експлозивна направа монтирана на неговото возило.
Во експлозијата загина и секретарот на Мухиби, а двајца телохранители се ранети.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.
Авганистан е средиште на длабока повеќедецениска политичка и безбедносна криза, која се рефлектира во борбата за превласт меѓу талибанското движење и владините сили. Постојана закана за безбедноста претставува и терористичката организација ДЕАШ, која по поразите во Ирак и Сирија значително ги интензивира своите активности на авганистанско тло.
Нападите во Авганистан не престануваат дури ни по почетокот на мировните преговори, што делегациите на талибанските бунтовници и авганистанската Влада ги започнаа кон средината на месецот во Доха.