Aykut Karadağ
21 Август 2021•Ажурирај: 22 Август 2021
КАБУЛ (АА) - АЈКУТ КАРАДАГ -
Илјадници Авганистанци што сакаат да го напуштат Кабул со денови чекаат зад барикадите поставени пред влезот на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, пишува Агенција Анадолија (АА).
Во Кабул, каде што контролата ја презедоа талибанците, илјадници Авганистанци и понатаму чекаат пред влезот на аеродромот „Хамид Карзаи“ со надеж дека ќе ја напуштат земјата.

Голем број Авганистанци, меѓу кои и стари луѓе, жени и деца, веќе петти ден чекаат да им се дозволи влегување на аеродромот, на чиј влез се поставени бетонски барикади и бодликава жица.
Тешките услови на влезот што го контролираат странски војници одговорни за безбедноста на аеродромот и околината, најмногу ги погодуваат децата и бебињата.
Авганистанец, кој со денови чека на влезот да биде евакуиран, рече дека немаат доволно храна и вода. Објаснувајќи дека чекаат да им биде дозволен влез на аеродромот за евакуација, Авганистанецот рече дека не е важно во која земја ќе отидат, туку дека само сакаат да го напуштат Кабул.