Beyza Binnur Dönmez, Dilan Pamuk
21 Август 2021•Ажурирај: 22 Август 2021
МОСКВА (АА) - Руските безбедносни сили доцна синоќа ослободија околу 600 муслимани што беа приведени во џамија во Москва, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Сите приведени се ослободени“, изјави адвокатката Марија Красова за руската новинска агенција ТАСС.
Претходно, адвокатката Лидија Анасова за ТАСС рече дека полицијата привела заедница муслимани во подрачјето на Котелники во Москва.
„Според моите сознанија, приведени биле околу 600 лица. Овие луѓе се приведени во џамијата во Котелники“, рече претходно Анасова, која додаде дека приведените биле однесени во полициската станица во Лјубертси.
Анасова истакна дека се проверува идентитетот на приведените и дека сè уште не е поднесена никаква пријава.
Прес-службата на Московската регионална администрација при руското Министерство за внатрешни работи потоа соопшти дека се разгледува информацијата за притворањето.