Zehra Aydın
19 Јануари 2017•Ажурирај: 19 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Авионите на турските сили на подрачјето на планината Кандил, на границата на Ирак и Иран изведоа напад во кој се уништени осум терористички упоришта, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштенито на Турските вооружени сили (ТВС) се наведува дека вечерва се изведени воздушни напади на споменатото подрачје и дека притоа се лоцирани осум терористички упоришта кои потоа се уништени.
Воените авиони кои учествувале во споменатата акција успешно се вратија во воздушната база.
Инаку, авионите на турските сили повремено изведуваат напади на подрачјето на Кандил, едно од најголемите упоришта на терористичката организација ПКК.