Bayram Altuğ
18 Јануари 2017•Ажурирај: 19 Јануари 2017
МОН ПЕЛЕРИН (АА) - По пауза од пет дена, денес во малото швајцарско место Мон Пелерин се продолжени преговорите за кипарското прашање, и тоа за темите „безбедност и гаранции“, јавува Anadolu Agency (AA).
По одлуката за продолжување на преговорите меѓу грчката и турската страна за прашањето на Кипар, донесена на меѓународната конференција организирана на 12 јануари во Женева, по покровителство на ОН, денес се продолжени преговорите за Кипар.
На преговорите како земји-гаранти учествуваат Турција, Грција и Велика Британија, и претставниците и експертите на Турска Република Северен Кипар (KKTC) и на Јужен Кипар. Се очекува дека овој дел од преговорите би требало да трае околу три дена.
По преговорите во Мон Пелерин, страните кон крајот на јануари или почетокот на февруари би требало повторно да се состанат на ниво на министри за надворешни работи. Во случај за време на овој дел од преговорите да биде постигнат договор, на преговорите ќе бидат повикани премиерите. На тој начин би можеле да бидат доведени до крај преговорите што започнаа на 15 мај 2015 година.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу претходно истакна дека на Кипар, Турција и понатаму ќе биде земја-гарант, како и дека ќе биде продолжено присуството на турската војска на островот.
„Ова е најважното барање на турскиот народ во Кипар, од кое нема да се откаже. Во таа смисла, тоа е најчувствително и најважно прашање. Нашиот став во врска со тоа е сосема јасен“, порача Чавушоглу.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на паузата на конференцијата во Женева изјави дека целта е наместо брзо, за Кипар да се пронајде долгорочно и одржливо решение. Она што страните на вчерашната конференција исто така го порачаа е дека дошло време преговорите за кипарското прашање да се завршат со успех.
Мустафа Акинчи, претседателот на Турска Република Северен Кипар, во петокот изјави дека е неприфатлива мапата што за време на преговорите за кипарското прашање во Женева ја претставија челниците на Јужен Кипар.
„Навистина, тоа не е мапа што би можело да биде прифатена. Никој од Турската Република Северен Кипар нема да прифати таква мапа“, изјави Акинџи во Женева.
Инаку, кипарското прашање се состои од шест основни точки: економија, Европска Унија, имот, распределба на надлежностите и администрацијата, територијално уредување и безбедност и гаранција.