Recep Şakar
10 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
МЕЛБУРН (АА) - Властите на Австралија ја укинуваат социјалната помош за лицата за кои ќе се утврди дека консумираат дрога, јавува Anadolu Agency (AA).
Коалициската влада на австралискиот премиер Малколм Турнбул го објави федералниот буџетски план за тековната 2017 година.
Планот го претстави министерот за финансии на Австралија, Скот Морисон, а вниманието на јавноста најмногу го привлекоа измените на програмата за социјална помош.
Со цел да се заостри контролата за лицата кои примаат социјална помош, надлежните власти на Австралија од наредната година ќе извршат тестирања на примерок од урината, крвта и косата на сите лица што примаат социјална помош, за да откријат дали се корисници на дрога.
Секое лице што прима социјална помош, а конзумира дрога, ќе остане без помош.
Планот за укинување на социјалната помош ја опфаќа и социјалната категорија на лица со инвалидитет за кои ќе се утврди дека се зависници од наркотици или алкохол.