Gamze Türkoğlu Oğuz
29 Јануари 2020•Ажурирај: 30 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Група научници во Австралија успеаја да го развијат коронавирусот во лабораторија, што претставува огромен чекор во борбата против овој вирус (2019-nCoV), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа научна постапка ќе им овозможи на научниците да утврдат дали ќе има иден лек кој ефикасно ќе дејствува против овој вирус.
Експертите од Институтот за инфекција и имунитет „Петер Доерти“, изјавија дека ова е огромен успех во рамките на борбата против опасниот вирус.
Заменик-директорот на Институтот, Мајк Катон, изјави дека ова е фантастичен настан за целиот свет, додавајќи дека ова откритие е од витална важност, дека ќе стане клучен дел во процесот на развивање на лековите и дека сево ова континуирано се менува.
Австралија е втора земја во светот, по Кина, која успеа да го развие вирусот.
За разлика од Кинезите кои го објавија само генетскиот код на вирусот, тие своето откритие веднаш ќе го споделат со Светската здравствена организација (СЗО), која потоа ќе го проследи на лабораториите низ светот кои се вклучени во развојот на лекот за коронавирусот.