Kasım İleri
08 Октомври 2021•Ажурирај: 09 Октомври 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Американските власти соопштија дека американската подморница на нуклеарен погон „УСС Конектикат“ се судрила со непознат објект при понирање во Индопацифичкиот Регион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека подморницата „УСС Конектикат“ (ССН 22), додека се движела во меѓународните води на Индопацифичкиот Регион, на 2 октомври се судрила со објект при своето понирање во подлабоки води.
Во продолжение се вели дека при ударот не се настанати повреди опасни за живот и нема сериозни оштетувања на подморницата „Сиволф“, која е од класата подморници за брз напад.
Во соопштението се вели „Подморницата е во безбедна и стабилна состојба. Ударот не влијаеше врз нуклеарниот погон и простор на „УСС Конектикат“ и подморницата е во потполност функционална.“