Ahmet Furkan Mercan
08 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 5,9 степени се случи во североисточниот дел на јапонскиот главен град Токио, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Агенцијата за метеорологија на Јапонија.
Се истакнува дека земјотресот се случил на длабочина од 80 километри.
Земјотресот е почувствуван во Токио и во околните префектури Канагава и Саитама.
По земјотресот не е издадено предупредување за цунами.
Овој земјотрес е најсилниот земјотрес почувствуван во јапонската метропола, по земјотресот со јачина од 9 степени кој се случи во март 2011 година во североисточниот дел на земјата.
Од друга страна, новинската агенција „Кјодо“ соопшти дека во земјотресот повредени се 32 лица, додека Агенцијата за справување со пожари и катастрофи нагласи дека тројца повредени се во тешка состојба.
Поради земјотресот, настанат е прекин на електричната енергија кај околу 250 дома во Токио.