Haydar Karaalp
07 Март 2023•Ажурирај: 08 Март 2023
БАГДАД (АА) - Министерот за одбрана на САД, Лојд Остин, изјави дека продолжуваат да ја поддржуваат Владата на Багдад да стави крај на терористичката организација ДЕАШ во Ирак, јавува Анадолу.
На прес-конференцијата во Багдад, каде Остин беше во ненадејна посета, тој рече дека коалициските сили формирани против ДЕАШ се решени да стават крај на терористичката организација преку соработка со ирачката Влада.
„Фокусирани сме на ставање крај на ДЕАШ. Само воените напори не можат да гарантираат крај на ДЕАШ. Секој напад врз американското присуство во Ирак може да ја попречи борбата против ДЕАШ“, нагласи Остин.
Тој во објавата што ја направи на Твитер за неговата посета на Багдад, укажа на стратешкото партнерство.
„Тука сум да ја потврдам стратешката соработка меѓу САД и Ирак. Кон побезбеден, стабилен и суверен Ирак“, рече Остин.
Тој се сретна со ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани во Багдад. На средбата се разговараше за односите меѓу двете земји и борбата на ирачките сили против ДЕАШ.
Ирачкиот премиер рече дека придаваат важност на зајакнувањето на односите со САД на сите полиња. Тој нагласи дека Ирак е за воспоставување рамномерни односи со земјите од регионот и светот.
Истакнувајќи дека ја поддржуваат безбедноста и стабилноста на Ирак, Остин додаде дека сакаат да ја продолжат соработката со Ирак на различни полиња.