Levent Tok
04 Јуни 2019•Ажурирај: 05 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Воените авиони на Асадовиот режим во Сирија во првите часови на празникот Рамазан бајрам изврши интензивни воени напади во 10 населени места во рамки на зоната за деескалација во Идлиб, при што животот го загуби едно дете, јавува Anadolu Agency (AA).
Асадовиот режим, почнувајќи од утринските часови, изврши воздушни напади во повеќе места во зоната за деескалација во Идлиб, како Арбин, Ихсем, Дер Сунбул, Кан Шејхун, Термела, Басангул, Шејк Мустафа, Марат Харма, Фатере, Некир и Ел Хабит.
Според информациите добиени од локалните избори, во воздушните напади во подрачјето на Дејр Сунбул, животот го загуби едно дете.
- Сосотојбата во зоната за деескалација во Идлиб
Идлиб, кој се наоѓа во северозападна Сирија, од самиот почеток на граѓанската војна е како кале на сириската опозиција. Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигнува 4 милиони луѓе. Во март 2015 година премина под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.
Режимот, со помош на поддржувачите, и покрај Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година, продолжува со нападите. Со ист интензитет продолжуваат нападите кои се зголемија за време на 12. состанок меѓу Турција, Русија и Иран, одржан на 25-26 април во Нурсултан, главниот град на Казахстан.
Изворите на цивилната одбрана истакнаа дека во воздушните и копнените напади извршени во мај во Идлиб, од страна на Асадовиот режим, странските терористички групи поддржани од Иран и Русија, загинаа 231 цивил, меѓу кои 59 деца, додека 659 цивили биле повредени.
Режимот и неговите поддржувачи со нападите го прекршуваат Договорот за прекин на огнот потпишан меѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година. Нападите на режимот се причина за принудно раселување на над 553.000 цивили.
Режимот на Асад, со воздушна поддршка на терористичките групи поддржани од Иран и Русија, со нападите врз деескалациската зона во Идлиб, зазедоа површина од 100 километри квадратни. Воената опозиција, од друга страна, одвреме-навреме спроведува операции за да ги врати регионите преземени од силите на режимот.