Kasım İleri
04 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
ВАШИНГТОН
Министерството за одбрана на САД (Пентагон) ја одобри продажбата на осум воени авиони од типот „F-16 Block 70/72“ за Бугарија, во вредност од 1 милијарда и 673 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во рамки на можна надворешна воена продажба, Министерството за надворешни работи даде одобрение за продажба на воени авиони од типот „F-16C/D Block 70/72“ за бугарската Влада, во вредност од околу 1 милијарда и 673 милиони долари, и на елементи за поддршка“, се вели во соопштението на Агенцијата за безбедносна соработка при американското Министерство за одбрана.
Во соопштението се нагласува дека Бугарија поднела барање за купување на осум воени авиони од типот „F-16/C“ и „D Block 70/72“, кои се познати како „Viper series“ на воените авиони од типот „F-16“.
Се вели дека покрај авионите, во продажбата се вклучени елементи за поддршка како резервен мотор, електронични системи за војување, како и муниција.
„Понудената продажба ќе овозможи заштита за воздушниот простор на Бугарија, регионална безбедост, како и капацитет за заедничко работење на системите на САД и НАТО“, се нагласува во ова соопштение.
Според ова соопштение, моментално Бугарија добива поддршка од САД и Велика Британија во насока на патроли на воздушен простор, а се наведува дека со овие авиони Бугарија сама ќе го брани својот воздушен простор и своите граници.