Adam Abu-bashal
27 Јули 2021•Ажурирај: 28 Јули 2021
АБУЏА (АА) - Гана е земја на африканскиот континент што поседува најбрз интернет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернетот на Гана во Глобалниот индекс, надминувајќи ги Египет и Јужноафриканската Република, стана најбрзиот интернет на континентот.
Со интернет-брзина од 53,28 мбпс, Гана се наоѓа на 79. место во светот.
По неа следуваат Јужноафриканската Република со интернет-брзина од 47,32 мбпс, и Египет со интернет-брзина од 42,32 мбпс.
Меѓу другото, во однос на најбрзиот интернет во светот, Јужноафриканската Република се наоѓа на 85., додека Египет на 91. место во светот.
Глобалната интернет-брзина се пресметува со Глобалниот индекс на брзина, земајќи ја предвид интернет-брзината на околу 180 земји.