Hakan Çopur
06 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Сара Сандерс, гласноговорничката на Белата куќа, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп во среда ќе ја соопшти одлуката за можно изместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
На конференцијата за медиумите во Вашингтон, Сандерс, на прашањето на новинарот како одредени лидери во светот го предупредиле Трамп во врска со преместување на американската амбасада во Ерусалим, истакна дека во среда јавноста ќе ја дознае одлуката за тоа прашање.
„Претседателот утре ќе ја соопшти одлуката, а пред тоа не би сакала да навлегувам во детали за ова прашање", рече гласноговорничката на Белата куќа.
Од друга стана, Трамп претходно денеска го информираше палестинскиот лидер Махмуд Абас за планот да ја пренести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.
Набил Абу Рудеинех, гласноговорник на Кабинетот на палестинскиот претседател, изјави дека Трамп упатил телефонски повик до Абас и во таа прилика го информирал за намерата на Вашингтон да ја премести амбасадата во Ерусалим.
Абас го предупреди американскиот претседател на сериозните последици од таквата одлука.
„Абас го предупреди Трамп на сериозните последици од таквите постапки во контекст на мировниот процес на Блискиот исток, како и регионалниот и глобалниот мир и безбедноста", рече Абу Рудеинех.
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган најави можност на прекинување на билатералните односи со Израел поради настојување на таа земја Ерусалим да биде прогласен за главен град.
Американскиот претседател Трамп во текот на минатогодишната предизборна кампања вети дека ќе ја пресели американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим, а американските медиуми неодамна изјавија дека Белата куќа подготвува процес на прогласување на Ерусалим како главен град на Израел.