Şerife Çetin,Hasan Esen
06 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
БРИСЕЛ (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу во Брисел, каде се одржува состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за воената вежба која минатиот месец е одржана во Норвешка, а која ја одбележа инцидент после кој Турција ги повлече своите војници од вежбата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на НАТО се наведува дека Чавушоглу и Столтенберг разговараа за дневниот ред на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, како и за спомнатиот инцидент.
Се додава дека Столтенберг потсетил дека веднаш упатил извинување на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, како и на Чавушоглу поради скандалот.
„Генералниот секретар во текот на средбата јасно порача дека воните функционери на НАТО ги истражуваат сите потребни мерки за да таквиот случај не би се случил повторно", се наведува во соопштението.
Во Норвешка во ноември е одржана воена вежба на НАТО под називот „Тридент Јавелин", а одредени норвешки офицери во текот на вежбата претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, фотографија и името на првиот претседател на Турција Кемал Ататурк ги прикажаа како мети.
Турција на тоа реагираше, после што норвешките офицери се разрешени од должност.
Во НАТО вежбата учествуваа 41 турски војник, а по инцидентот, по наредба на претседателот на Турција, Ердоган,турските војници се повлечени од вежбата.
Столтенберг во два наврати упати извинување на Турција, но функционерите на оваа земја порачаа дека преку тоа не е можно да се премине само со извинување.