Mesut Zeyrek
05 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
КЕЛН (AA) - Најмалку 50 лица се повредени во судир на патнички и товарен воз во близина на градот Мербуш на западот на Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните власти соопштија дека судирот се случи во близина на станицата Мербуш-Остерат. На лице на местото се упатени голем број спасувачки и лекарски тимови.
Од полицијата кажаа дека во овој момент тешко е да се даде точен број повредени, додавајќи дека во возот се наоѓале околу 150 луѓе.