Sayed Khodaiberdi Sadat
15 Април 2021•Ажурирај: 15 Април 2021
КАБУЛ
Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Ентони Блинкен, кој оствари ненадејна посета на Кабул, главниот град на Авганистан, со Абдулах Абдулах, претседателот на Врховниот совет за национално помирување, разговараше за повлекувањето на трупите на САД од земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На состанокот одржан под претседателство на Советот, Абдулах рече дека ја поддржуваат одлуката на САД да ја повлечат својата воена моќ од Авганистан.
Абдулах истакна дека и отсега понатаму ќе ја ценат посветеноста на САД да му помагаат на Авганистан.
Американскиот државен секретар Блинкен нагласи дека САД одлучиле да ги повлечат своите трупи од Авганистан.
Посочувајќи дека повлекувањето на воените трупи не значи крај на односите и соработката меѓу двете земји, Блинкен истакна дека започна нова ера на односи и соработка меѓу двете земји и дека тие ќе ја продолжат соработката на различни полиња.
Се очекува Блинкен да се сретне и со авганистанскиот претседател Ешреф Гани.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера истакна дека сите 2.500 американски војници кои останале во Авганистан ќе се повлечат до 11 септември.