Mutlu Demirtaştan
03 Јуни 2022•Ажурирај: 06 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ - Во првиот натпревар од серијата до четири победи во финалето на американската Национална кошаркарка лига (НБА), тимот на Бостон Селтикс го совлада Голден Стејт Вориорс со резултат 120:108, известува Агенција Анадолија (АА).
Утрово се одигра првиот натпревар од финалната серија на НБА во кој Голден Стејт Вориорс, шампионот на Западната конференција, на домашен терен го пречека Бостон Селтикс, шампионот на Источната конференција.
Првата четвртина ја добија Вориорси со 32:28. Втората им припадна на Селтикси 22:28 и на полувреме Бостон замина со предност од два поена, 54:56.
Во третата четвртина Вориорси играа подобро и овој дел од натпреварот го добија со 38:24, и на крајот од оваа третина резултатот изнесуваше 92:80 за Голден Стејт.
Бостон, кој во последната четвртина влезе со негатива од 12 поени, прикажа извонреден перформанс и оваа четвртина ја доби со скор 40:16, и во серијата до четири победи, на гостински терен ја извојува првата победа над Голден Стејт со резултат 120:108.
Ал Хорфорд беше најпрецизен во редовите на Селтикс, постигнувајќи 26 поени, 6 скока, 3 асистенции и со 6 тројки од 8 обиди, го собори својот рекорд на постигнати тројки во натпреварите на плејофот.
Покрај него, одлична игра во Бостон прикажаа и Џејлен Браун со 24 поени, 7 скока, 5 асистенции, Дерик Вајт со 21 поен, 3 асистенции, Маркус Смарт со 18 поени, 5 скока, 4 асистенции и Џејсон Татум со дабл-дабл учинок од 12 поени, 13 асистенции.
Кај Вориорс најпрецизни беа Стефен Кари со 34 поени, 5 скока, 5 асистенции, Ендрју Вигинс со 20 поени, 5 скока и Клеј Томсон со 15 поени, 3 асистенции.
Селтикс со постигнатите 9 тројки во последната четвртина од натпреварот, го изедначи рекордот на Вориорс во постигнати тројки во финалето на НБА, на кои тоа им појде од рака во 2017 година. Освен тоа, Татум со 13 асистенции го урна рекордот на асистенции постигнати на прв НБА-натпревар.
Вториот натпревар од финалната серија на НБА се игра на 6 јуни, понеделник, во 2:00 часот.