Mohammad Sıo
13 Март 2024•Ажурирај: 14 Март 2024
ГАЗА (АА) - Бројот на загинати Палестинци во смртоносната офанзива на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври се искачи на 31.272, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството се додава дека досега во нападите се повредени 73.024 лица.
„Најмалку 88 лица загинаа, а 135 се повредени во израелските напади во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.
Според Министерството, околу 72 отсто од загинатите Палестинци се жени и деца.
Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 луѓе.
Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување поради уништувачката блокада и недостигот на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.