Hasan Esen
20 Јануари 2020•Ажурирај: 21 Јануари 2020
ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија е побарано да се издаде налог за апсење на Абдел Фетах ал Сиси, кој на власт дојде преку државен удар, во врска со смртта на првиот претседател на Египет избран на демократски начин, Мухамед Морси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коморите за меѓународна правда (Guernica 37), со седиште во Лондон, побараа од Одделот за борба против тероризмот при лондонската полиција, да изврши истрага пред посетата на Сиси на Велика Британија, во врска со уверливи наводи против египетската држава и нејзините државни институции за вршење тортура.
Во соопштението на „Гверника 37“ се наведува дека е направен чекор по барањето на Револуционерниот совет на Египет, и дека се бара да се истражува смртта на Морси и третирањата на кои бил изложен тој пред неговата смрт, кои претставуваат тортура.
Според ова соопштение, не може да се помисли дека Сиси не бил информиран за тортурите на кои бил изложен Морси.
„Не е само претпоставка дека третирањето на кое бил изложен Морси, придонело за неговата смрт, туку постојат доверливи аргументи дека третирањето на воениот режим го убило него, и дека намерата била таа“, се нагласува во соопштението.
Се вели дека смртта на Морси не треба да остане неказнета, и дека во случај да се создаде можност за истрага или гонење, треба да се направи сѐ за да се реализира тоа.
Во соопштението привлекува внимание тоа што Обединетото Кралство е обврзано да врши истрага и гонење против кое било кривично дело за тортура, без разлика каде е извршено тоа дело, и се тврди дека доколку се земе предвид посетата на Сиси, потребно е да се направат соодветни чекори.
„Гверника 37“ во овие рамки побара да се издаде налог за апсење против Сиси.
Се очекува Сиси да го посети Лондон во рамки на Самитот за инвестиција на Велика Британија - Африка.