Nuran Erkul Kaya
13 Април 2023•Ажурирај: 14 Април 2023
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија соопшти дека ќе обезбеди гаранција за дополнителен фонд од 500 милиони долари за Украина, пренесува Анадолу.
Новиот фонд на Велика Британија беше соопштен во Вашингтон каде што британскиот министер за финансии Џереми Хант се состана со министрите за финансии во рамките на состаноците на Меѓународниот монетарен фонд - Светската банка.
Според соопштението на британското Министерство за трезор, со дополнителниот фонд од 500 милиони долари што ќе се обезбеди за Украина, годинашната поддршка на Велика Британија за Украина ќе достигне една милијарда долари.
Вкупната сума на поддршка што ја вети Велика Британија за Украина изнесува 8,1 милијарди долари (6,5 милијарди фунти).
Новиот фонд се очекува да се користи за исполнување на економските потреби на Украина, вклучително и за виталните јавни услуги.