Mehmet Akif Turan
26 Ноември 2021•Ажурирај: 27 Ноември 2021
ТУНИС
Тимовите на туниската крајбрежна стража спасија 487 мигранти кои се обидувале да стигнат во Европа, се соопштува од Министерството за одбрана на Тунис, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тимовите, постапувајќи по дојава, запреле брод кој пренесувал мигранти кај островите Керкена“, се вели во соопштението на Министерството.
Меѓу спасените баратели на азил се наоѓаат 93 деца и 13 жени.
Барателите на азил кои се со потекло од Египет, Бангладеш, Сирија, Мароко и Етиопија се донесени на пристаништето Сфакс и се предадени на Националната гарда.
Земјите како Алжир, Либија, Мавританија, Мароко и Тунис со години беа сведоци на обиди на мигранти, главно од супсахарска Африка, да стигнат до Европа.