Mesut Zeyrek
18 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
КЕЛН (АА) МЕСУТ ЗЕЈРЕК -
Во Германија од 20 мај повторно целосно ќе бидат отворени џамиите во кои од март беа прекинати колективните молитви и другите верски активности поради пандемијата на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во земјата од 9 мај, со почитување на пропишаните мерки, се дозволени утринските, пладневните молитви и попладневните молитви.
На состанокот на верските претставници и локалните власти беше одлучено дека во џамиите низ Германија од 20 мај ќе можат да се клањаат и другите намази (молитви), како петочната (џума намаз) и теравија намаз (молитва за време на Рамазан).
Генералниот директор на Турската исламска заедница „Дијанет“ (DITIB), Казим Туркмен, изјави дека во џамиите ќе можат да се извршуваат сите молитви со почитување на пропишаните мерки.
Како што рече, повеќе внимание во однос на почитувањето на мерките бараат петочната молитва, теравија и молитвата по повод денот Бајрам (бајрам-намаз).
Кемал Ергун, претседателот на Исламската заедница „Мили Ѓоруш“ (IGMG), изрази задоволство поради оваа одлука, поради која последните денови од Рамазан ќе ги поминат како и претходните години, со клањање на теравија намазот.