Yusuf Özcan
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 28.108 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Министерството за здравство на Франција.
Потврдени се уште 490 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 216.030.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 19.361 лице, од кои 2.087 се наоѓаат во интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 159 лица, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус се искачи на 61.213.
Во последните 24 часа во болници и домовите за стари лица починале 483 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 28.108, од кои 17.466 лица починале во болници, и 10.642 во домовите за стари лица.