Derya Gülnaz Özcan
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
АТИНА (АА) - Грција го пријави својот прв случај на мајмунски сипаници, извести Атинската новинска агенција (ANA) доцна синоќа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пациентот, кој неодамна патувал во Португалија, е на лекување во болницата „Андреас Сигрос“ во главниот град Атина, и е во добра состојба.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, на неделниот состанок одржан вчера, во седиштето на организацијата во Женева, рече дека повеќе од 1.000 случаи на мајмунски сипаници се потврдени во 29 земји.
Тој додаде дека нема смртни случаи како последица на вирусот.
Според СЗО, поголемиот дел од случаите се забележани во Северна Америка и Европа, а во извештаите се регистрирани и мал број во Централна и Јужна Америка, Северна Африка и Блискиот Исток.