Çağrı Koşak
29 Јули 2021•Ажурирај: 30 Јули 2021
РАБАТ (АА) - Марокански државјанин, еден од водечките имиња на терористичката организација ДЕАШ, е уапсен во Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Поранешниот водач на ДЕАШ е уапсен во заедничка операција организирана од грчките и мароканските власти, јави официјалната мароканска агенција МАП.
Не се објавени идентитетот на уапсеното лице, како ни детални информации за операцијата, но истакнато е дека лицето е уапсено со заедничка операција на безбедносните сили на двете земји.