Sümeyye Dilara Dinçer
29 Јули 2021•Ажурирај: 30 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 8,2 степени е регистриран на отворени води кај американската сојузна држава Алјаска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за геолошки истражувања на САД.
Во соопштението се вели дека епицентарот на земјотресот бил на 91 километар на отворени води кај Перивил.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 8,2 степени се случил на длабочина од 47 километри.
По земјотресот е издадено предупредување за цунами.
По силниот земјотрес во подрачјето се регистрирани и последователни потреси со јачина од 6,2 и 5,6 степени.