13 Октомври 2023•Ажурирај: 13 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројката на загинати Палестинци во израелските бомбардирања на Газа се зголеми на 1.537, јавува Анадолу.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во израелските напади на Газа од 7 октомври досега загинале 1.537 лица, од кои 500 се деца.
Ситуацијата ескалираше кога Бригадата Изедин Касам, военото крило на Хамас, на 7 октомври ја започна сеопфатната операција „Поплава Ал Акса“ насочена кон Израел.
Израел возврати со масовни напади на Газа со борбени авиони.
Најмалку 1.300 Израелци загинаа, а 3.300 се повредени во нападите од Газа.