Serdar Bıtmez,Hamdi Yıldız
09 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
ДОХА (АА) - Премиерот на Катар, Халид бин Халифа бин Абдулазиз ал Тани, во врска со фестивалот „Доха 2021, културна престолнина на исламскиот свет“, истакна дека вербата на неговата земја кон културата и исламското наследство е длабоко вкоренета и силна, и посочи дека како земја го поддржуваат спроведувањето на десетици проекти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Катар започнаа активностите за Фестивалот „Доха 2021, културна престолнина на исламскиот свет“, што ќе траат една година.
Министерот за култура на Катар, Салах бин Ганим ал-Алиј, во своето обраќање на отворањето на Фестивалот во културното село Катара и Музејот на исламска уметност, истакна: „Нашата културна историја во исламскиот свет е сведок на улогата на цивилизацијата во која учествуваат генерации уметници, писатели и мислители. Нашата културна историја во исламскиот свет е сведок на улогата на цивилизацијата во формирањето генерации на уметници, писатели и мислители.“
Потенцирајќи дека има дела од различни гранки на науката и уметноста, кои од исламските простори се раширени кон Европа и кон целиот светот, Алиј потсети дека овие дела преведени на латинските јазици станаа главен ресурс на светските универзитети.
Катарскиот премиер на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер посочи дека вербата на Катар кон културата и исламското наследство е длабоко вкоренета и силна и истакна дека како земја го поддржуваат спроведувањето на десетици проекти.
Во активностите „Доха 2021, културна престолнина на исламскиот свет“, покрај Исламската организација за образование, наука и култура (İSESCO) и катарското Министерство за култура и спорт, учество ќе земат и голем број министерства и институции од земјата.
Во рамките на проектот „Културна престолнина на исламскиот свет“, инициран од Исламската организација за образование, наука и култура (İSESCO) во 2005 година, во градовите што се избрани за културна престолнина се одржуваат различни културни активности во текот на целата година.