Zylfije Adem Jakupi
09 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
ПРИШТИНА
Во Косово денес се регистрирани 6 нови случаи на заразеност со Ковид-19, со што вкупниот број на активни случаи во оваа земја се зголеми на 326,пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за Јавно здравје на Косово вечерва соопшти дека во последните 24 часа во оваа земја се потврдени 6 нови случаи на коронавирус од изработени 294 тестови на клиниката за инфектологија и од терен. Позитивните случаи се случаи на контакт, три се од општина Приштина, и по еден од Мамуше, Вучитрн и Гнилане.
Во Косово оздравеа 912 лица заболени од Ковид-19.
Од 8. февруари досега во Косово се извршени 17.199 тестирања на сомнителни примероци, од кои 1.269 биле позитивни. Досега од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 во оваа земја животот го загубија 31 лице.