Alaattin Doğru
25 Септември 2019•Ажурирај: 29 Септември 2019
ДАКАР
Во Мали, при експлозија на превртена цистерна за течно гориво животот го загубија 5 лица, а 15 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите објавени во локалните медиуми, во околината на главниот град Бамако се превртела цистерна за транспорт на течно гориво. Во обидот цистерната да се исправи, избувнал пожар по кој настанала експлозија.
Во експлозијата животот го загубија 5 лица, а 15 се повредени.
Противпожарните екипи кусо време по пристигнувањето на местото на несреќата успеале да го локализираат огнот, спречувајќи тој да се прошири на околните објекти.
Повредените се префрлени во болниците во главниот град, каде што се наоѓаат под лекарски третман.