Büşra Selvi Öğütcen
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
МУЛТАН (АА) - Седум полицајци беа киднапирани во провинцијата Пенџаб во Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот официјален претставник, Атик Тахир, изјави дека групата ги киднапирала полицајците во утринските часови кои се враќале од полициската станица во шумската област на брегот на реката Инд во градот Рохан.
Тахир истакна дека во шумското подрачје се упатиле полициски тимови и оклопни возила.
Друг полициски функционер, кој сакаше да остане анонимен, рече дека групата која ги киднапирала полицајците разговарала со влијателните лива во тоа подрачје за ослободување на припадниците на безбедносните сили.
Според него, членовите на групата, во замена за ослободување на полицајците, бараат да бидат ослободени нивните поддржувачи кои се во затвор.