Alma Çekovic
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
ЛОНДОН (АА) - Во Лондон овој викенд се одржува Фестивал на халал храна на кој учествуваат повеќе од 100 меѓународни изложувачи, јавува Anadolu Aency (AA).
Фестивалот се одржува во познатиот „Tobacco Dock“ во Источен Лондон, а се очекуваат 18.000 посетители, кои ќе имаат можност да вкусат халал храна со најголем квалитет, пијалоци, и највкусните светски деликатеси.
Во рамките на програмата на своите кулинарски вештини ќе се претстават добро познати готвачи, вклучувајќи го и победникот на британскиот „MasterChef“, Салих Махмуд Ахмед.

„Традиционално, претходните генерации муслимани беа во можност да јадат само она што се подготвувало дома, но сега, конечно може да ја вкусат храната што не можеа додека растеа. Фестивалот има за цел да се скрши оваа бариера и да се донесат сите видови на храна од целиот свет, но само под услов сите да останат халал“, истакна директорот на фестивалот, Валид Џахангир.
Фестивалот започна во вчера, а завршува денес. Првиот фестивал од ваков вид во Обединетото Кралство се одржа во август минатата година.