Ömer Aydın
21 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - На барање на Франција, во понеделник ќе се одржи седница на Советот за безбедност на ОН (СБОН) на теми поврзани со последните случувања во Сирија, хуманитарната состојба и обезбедување пристап насекаде низ земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Учесниците на седницата ќе бидат информирани од страна на заменикот на Генералниот секретар за човечки прашања, Марк Лоукук, по посетата што ја направи на Сирија.
Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриан во име на Франција побара одржување на итна седница на СБОН со цел оценка на моменталната ситуација во Сирија.
Ле Дриан на состанокот на министрите на надворешни работи од западното средоземие кое се одржа во Алжир рече дека последните случувања во Сирија се загрижувачки.
Тој го изрази својот став на социјалната мрежа Твитер. „Сирија: Гута, Идлиб, Африн. Франција бара свикување на вонредна седница на СБОН. Утрово разговарав со турскиот колега”, напиша Ле Дриан.
Ле Дриан истакна дека е потребно до секое место во Сирија да се обезбеди прекин на огнот и безусловна и непречена испорака на хуманитарна помош. „Утре на СБОН ќе се разгледува ситуацијата во Сирија. Франција посебно внимание ќе посвети на итноста од обезбедување на човечки пристап”, истакна Ле Дриан.