Zehra Ulucak
04 Мај 2018•Ажурирај: 05 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 125 лица загинаа за време на силната песочна бура што ги погоди северните делови на Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во областа Утар Прадеш, Раџастан и Утараканд загинаа најмалку 125 лица, а стотици беа повредени.
Невремето ги погоди и сојузните држави Панџаб, Харјана и Мадја Прадеш, а во овие региони беа уништени многу станбени згради и ббеа соборени дрвја и столбови за пренос на електрична енергија.
Официјалните лица од Раџастан тврдат дека загинатите во регионот се жители што останаа затрупани под урнатините на зградите што ги уништила бурата.
Индискиот премиер Нарендра Моди на социјалната мрежа изрази жалење поради смртта на граѓаните. Тој упати сочувство до семејствата на мртвите, а на повредените им посакаа брзо закрепнување.
Официјалните лица стравуваат дека бројот на мртви може да се зголеми. Тие предупредија дека временските услови може да се влошат.
Обилни дождови и песочни бури имаше, исто така, и во главниот град Њу Делхи, кои предизвикаа голем сообраќаен метеж, а најмалку 15 авиони се пренасочени кон други аеродроми.