Furkan Naci Top
04 Мај 2018•Ажурирај: 05 Мај 2018
ЛЕЗБОС (АА) - Илјадници луѓе се собраа на протестната прошетка на островот Лезбос, барајќи да бидат преместени бегалците од тој грчки остров, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на протестите одржани при посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на островот, дојде до инцидент помеѓу демонстрантите и полицијата.
Група од околу 2.500 луѓе влегоа да побараат преместување на бегалците кои во моментов се наоѓаат на Лезбос.
Демонстрантите сакаа да стигнат до зградата во која Ципрас одржа говор, меѓутоа полицијата се обиде да ги спречи со барикади поставени во близина. Тука дојде до туркање помеѓу демонстрантите и полицијата. Демонстрантите ги туркаа автобусите што ги постави полицијата.
На местото на настанот беа испратени дополнителни полициски сили кои интервенираа со солзавец.
„Веднаш да ја разрешите бегалската криза“, беше напишано на банерите на демонстрантите кои повикаа на евакуација на кампот за бегалци „Мориа“ на островот.
Околу 9.000 бегалци, главно во кампот „Мориа“, се наоѓаат на островот Лезбос додека се разгледуваат нивните барања за азил.
Премиерот Ципрас во своето обраќање на островот рече дека е невозможно да се биде задоволен од сегашната ситуација, и дека треба да се прифати фактот дека Владата направила некои грешки кога станува збор за решавање на бегалската криза.
„Ситуацијата е тешка и за жителите на островите и за бегалците“, рече грчкиот премиер.