Ömer Koparan,Adham Kako
15 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
РАС АЛ АЈН (АА) – Во областа Рас ал Ајн во североистокот на Сирија, ослободена од терористите со операцијата „Извор на мирот“, Сириската национална војска (СНВ) продолжува со активностите за пребарување и уништување на експлозивните направи поставени од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Сирија, во регионите ослободени од терористичката организација ЈПГ/ПКК со операцијата „Извор на мирот“ продолжуваат активности за деминирање на мините и уништувањето на рачно изработените експлозиви за да можат цивилите безбедно да се вратат во своите домови.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК пред да се повлече, во куќите во подрачјето на Рас ал Ајн и околните села постави голем број на експлозивни направи.
Во овој контекст, војниците на Сириската национална војска (СНВ) ги детектираат и ги уништуваат експлозиви, бомби и рачно изработените експлозиви во областите ослободени од теророт.
Агенција Анадолија (АА) ги сними активностите за детектирање и уништување на експлозивните материјали.