Sinan Doğan
15 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Лидерот на опозицијата и самопрогласен претседател на Венецуела, Хуан Гваидо, ги повика граѓаните да организираат големи демонстрации низ целата земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми наведуваат дека Гваидо ги повикал граѓаните од утре да излезат на улиците во знак на протест против власта на Николас Мадуро.
„Сите сакаат да се однесуваме како сѐ да е нормално, но протестите в сабота ќе ја разбијат таа перцепција“, рече Гваидо.
Смета дека сѐ додека не се постигне целта, потребно е постојано да се биде на улица.
Со посредство на Норвешка, во мај започна преговарачки процес на Барбадос, со цел решавање на повеќемесечната длабока политичка криза во Венецуела.
Владата на Николас Мадуро ги прекина преговорите на почетокот на август поради поддршката што Гваидо ја пружи на воведувањето американски санкции за Венецуела.