Elena Trenchevska Chekovic
13 Мај 2025•Ажурирај: 14 Мај 2025
СКОПЈЕ (AA) - Етна, највисокиот активен вулкан во Европа, синоќа повторно еруптираше исфрлајќи пепел и лава над Сицилија во својата најнова вулканска активност, пренесува Анадолу.
Ерупцијата започна во југоисточниот кратер, кој се наоѓа на надморска височина од 2.900 метри, јави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV).
Локалните медиуми објавија дека пепелта од ерупцијата паднала врз неколку блиски населени места, особено во гратчето Заферана Етнеа. Облакот од пепел се проширил главно кон исток и југоисток.
И покрај ерупцијата, аеродромот во Катанија, во близина на вулканот, не прекина со работата, и летовите продолжија според распоредот.
Етна, со надморска височина од околу 3.300 метри, е највисокиот активен вулкан во континентална Европа.