Beyza Binnur Dönmez
17 Јануари 2020•Ажурирај: 20 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Новиот претседател на Гватемала, Алехандро Џаматеи објави дека ги прекинува дипломатските врски на земјата со Венецуела и дека ја затвора Амбасадата во Каракас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новиот претседател на деснополитичкиот спектар ја донесе одлуката за прекинување на односите со Владата на Николас Мадуро вчера, два дена откако ја презеде должноста.
„Му дадовме инструкции на министерот за надворешни работи на Гватемала, за да се врати единствената личност која останала во Амбасадата во Венецуела и дека дефинитивно ги прекинуваме односите со Владата на таа земја“, изјави Џаматеи.
По објавата на одлуката, венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареаса, изјави дека Џаматеи му се поклонува на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Неговата влада сигурно ќе биде уште една невкусна шега. Нашата почит и наклоност одат кон достоинствениот народ на Гватемала“, рече Ареаса.
Гватемала е членка на Лимската група, која ги вклучува земјите на Латинска Америка и Канада и која го признава Хуан Гваидо, лидерот на опозицијата, како привремен претседател на Венецуела.