Cüneyt Karadağ
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
БЕРЛИН (АА) – Во Германија, сајтот за социјално вмрежување „Фејсбук“ (Facebook) е казнет со 2 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Федералниот оддел за правда се наведува дека „Фејсбук“ е казнет со 2 милиони евра за кршење на Законот за користење на социјални мрежи.
Германската министерка за правда, Кристин Ламбрехт, во изјавата за ова прашање, бранејќи ја казната, нагласи: „Повиците за убиства, навредите, омразата, ширењето омраза меѓу луѓето не може да се дефинираат како слобода на изразување. Ова се провокативни, маргинализирани и штетни ставови, кои може да бидат казниви.“
Ламбрехт, истакнувајќи дека слободата на изразување завршува таму каде што започнува примената на Законот за кривично право и дека тоа важи и за интернет-заедницата, рече:
„Дигиталните платформи се одговорни за содржината објавена на нивните страници. „Стандардите за заедницата“ на „Фејсбук“ не се во согласност со германскиот закон. Кога корисниците ќе пријават вознемирувачка содржина, собирањето и обработката на овие жалби мора да бидат во согласност со Законот за мрежни апликации. Ништо не треба да остане доверливо во борбата против криминалот. Очекувам „Фејсбук“ отворено да се посвети на транспарентноста и на барањата на законот.“
„Фејсбук“ има право да поднесе жалба за казната.