Ayhan Şimşek
27 Мај 2019•Ажурирај: 27 Мај 2019
БЕРЛИН (АА) - Конзервативната левичарска коалициона Влада на германската канцеларка, Ангела Меркел, доживеа огромни загуби на изборите за Европскиот парламент, додека партијата на Зелените постигна рекордно голем успех, јавува Anadolu Agency (AA).
Демохристијанскиот блок на Меркел (CDU/CSU) освои само 28,9 отсто од гласовите, постигнувајќи го најлошиот резултат од првите избори за Европскиот парламент во 1979 година.
Социјалдемократската партија (SPD), коалициски партнер на ЦДУ/ЦСУ во Владата, исто така го забележа својот најлош резултат, освојувајќи само 15,8 отсто од гласовите.
Германската опозициска Зелена партија го забележа најдобриот изборен резултат во својата историја, освојувајќи 20,5 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати од изборите.
Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) освои 11 отсто од гласовите, што е пораст за 7,1 отсто од последните избори.
Пред изборите, многу анкети предвидоа дека Алтернатива за Германија ќе освои 12 отсто гласови или повеќе.
Иако партијата постигна резултат под своите очекувања на национално ниво, успеа да стане најсилната партија во источните германски покраини Бранденбург и Саксонија.